Интер со вкупни 4-3 го елиминираше Баерн Минхен во четвртфиналето од Лигата на шампионите и си закажа полуфинален двомеч против Барселона. Многумина сметаат дека екипата од Милано ќе има големи проблеми против младиот состав на „каталонците“, но легендарниот Марко Матераци тврди дека ќе биде баш спротивното.
„Искрено, повеќе бев загрижен пред мечот помеѓу Интер и Баерн. Барселона е екипа со многу таленти, со неверојатни напаѓачи, од Левандовски до Јамал, кои може да погодат против било која екипа. Сепак, мислам дека искуството на Интер многу ќе му помогне на Инѕаги.“ – вели Матераци.
Првиот полуфинален натпревар ќе се одигра на „Монжуик“ на 30-ти април, додека реваншот е во Милано на шестти мај.