22.8 C
Skopje
среда, 20 август 2025

Легендарниот напаѓач се поврзува со сензационален камбек во Ливерпул

Луис Суарес наскоро ќе стане слободен агент откако ќе му заврши договорот со Насионал од Уругвај.

Но, според некои информации од Англија, уругвајскиот напаѓач којшто се смета за легенда меѓу навивачите на Ливерпул е пред сензационален камбек.

Според нив, Суарес би потпишал договор до крајот на сезоната, а доколку двете страни бидат задоволни, тој би можел да биде продолжен. Ливерпул во овие моменти во нападот го има и другиот Уругваец, Дарвин Нуњез, кому веројатно добро ќе му дојде уште еден соиграч од националниот тим, со оглед на тоа дека игра далеку под очекувњата во Англија.

Суарес за Ливерпул одигра 110 натпревари и постигна 69 погодоци.

- Оглас -

Најнови вести