Легендарниот Роналдо шокираше со својот изглед

Кога беше на теренот во врвна форма, едноставно немаше дефанзивец што можеше да го сопре. Луис Назарио де Лима Роналдо беше најдобриот напаѓач пред 20-25 години, фудбалерот кој го однесе Бразил до светската титула на Мундијалот во Јапонија и Јужна Кореја.

Роналдо во кариерата настапуваше за Крузеиро, ПСВ, Барселона, Интер, Реал Мадрид, Милан и Коринтијанс, а кариерата ја заврши во 2011 година. Бразилецот сега има 45 години и едноставно ужива во животот, но во тоа уживање заборавил да ја оддржува спортската форма.

Веќе подолг период Роналдо има проблеми со прекумерната тежина, но очигледно дека тој не се замара премногу околу физичкиот изглед. Роналдо со својата девојка Селина Локс и нивните пријатели ужива на одмор на Ибица во Шпанија, а некогашната светска фудбалска ѕведа изгледа подебело од кога било порано.

Роналдо и сега е поврзан со фудбалот затоа што тој е сопственик на фудбалскиот клуб Валјадолид во Шпанија и ќе биде дел од Примера дивисион во новата сезона.

- Оглас -

Најнови вести