Легендарниот Стоичков ги запали навивачите на ЦСКА Софија: Отсекогаш сакав да ловам волци

Рома вечерва го пречекува тимот на ЦСКА Софија во второто коло од Лигата на Европа, а најдобрата најава за дуелот на „Олимпико“ му припадна на легендарниот Христо Стоичков.

Поранешниот фудбалер на Барселона, кој во два наврати играше и за ЦСКА и има освоено Златна топка во кариерата (во 1994 година), истакна дека е страстен ловџија, а најмногу од сè сака да лови волци.

„Отсекогаш сакав да ловам волци. Среќно ЦСКА“, порача Стоичков во пресрет на мечот кој е закажан за 21 часот.

- Оглас -

Најнови вести