Легендарниот уругвајски напаѓач Диего Форлан по завршувањето на фудбалската кариера, му се врати на тенисот, спортот кој го тренирал како мал, а во еден период и паралелно со фудбалот. Четириесет и петгодишниот Форлан досега настапуваше само на аматерски турнири, но конечно на челенџерот во Монтевидео го имаше и своето деби во професионалниот тенис.
Тој настапи во конкуренција на двојки заедно со Федерико Корија, но имаше неуспешно деби бидејќи беа поразени уште во првото коло со 2-0 од боливиската двојка Аријас и Себаљос, 6-1 и 6-2 по сетови.
Сепак, публиката знаеше да го поздрави настапот на Форлан, па со овации го испрати од теренот.
Diego Forlan at the net! 💯#ATPChallenger | @DiegoForlan7 pic.twitter.com/p24PQgTVxJ
— ATP Challenger Tour (@ATPChallenger) November 14, 2024