Легендата на Барса го исправи новинарот: Меси играше со мене, а не јас со него

Самуел Ето е еден од најдобрите напаѓачи во историјата на Барселона. Во едно интервју го исправи новинарот дека Меси играше со него, а не тој со Лео, што има голема разлика.

„Меси играше со мене, а не јас со него. Има голема разлика. Во мое време тој играше со мене“, ја исправи Ето грешката на новинарот.

И не е далеку од вистината. Кога Ето го предводеше нападот на Каталонците, Меси тогаш се проби во првиот тим и формираше тројка заедно со Роналдињо, а потоа и Тиери Анри. Инаку Камерунецот одигра 234 меча за Барса, забележа над 150 погодоци, освои две титули во ЛШ, три титули во Ла Лига, два шпански Суперкупа и еден трофеј во Купот на Шпанија.

- Оглас -

Најнови вести