Легендата на југословенскиот фудбал се мести за селектор на Србија

Прославениот Драган Стојковиќ-Пикси е назначен како фаворит за нов селектор на српската фудбалска репрезентација. Србија е без селектор откако Љубиша Тумбаковиќ си даде отказ по поразот од Шкотска, во дополнителните квалификации за пласман на Европското првенство. Србија во Белград на пенали загуби и ги загуби шансите за пласман на континенталното натпреварување.

Стојковиќ неколку месеци е без работа откако лани си замина од тимот на Гуангжу во Кина. Претходно, пет години беше тренер во Нагоја и тоа се единствените два клуба каде што работел како тренер.

Популарниот Пикси е еден од најдобрите фудбалери во историјата на некогашна Југославија. Кариерата ја започна во Раднички Ниш, а потоа играше за Црвена ѕвезда, Олимпик Марсеј, Верона и Нагоја.

„Знам дека би ја однел Србија на завршницата на Светското првенство во Катар. Знам и верувам во тоа. Од фудбалерите би го извлекол најдоброто. Сепак, треба да добијам поддршка од целата нација и да имаат доверба во мојата работа“, вели Стојковиќ за српски Блиц.

 

- Оглас -

Најнови вести