6.8 C
Skopje
среда, 7 јануари 2026

Легендата на Манчестер јунајтед е поставен за привремен менаџер

Дарен Флечер е наименуван за привремен менаџер на Манчестер јунајтед, откако клубот претпладнево му врачи отказ на Рубен Аморим.

Шкотланѓанецот како играч, имаше повеќе од 340 настапи за Јунајтед како младинец и сениор. Со клубот освои пет титули во Премиер лигата, а еднаш ја освои и Лигата на шампионите.

Во 2015 се пресели во Вест Бромвич Албион, пред да се пензионира во Стоук сити на 34-годишна возраст. Во 2020 година се врати во Манчестер, како тренер на тимот за играчи до 16 години. Подоцна стана дел од стручниот штаб на првиот тим, а три години работеше и како технички директор. Од јули наваму, го водеше У-18 тимот.

- Оглас -

Најнови вести