8.8 C
Skopje
среда, 7 јануари 2026

Легендата на Манчестер јунајтед нема ништо против да се врати на „Олд Трафорд“

Многумина се изненадија од одлуката на раководството на Манчестер јунајтед да му врачи отказ на Рубен Аморим, но сега пред нив е нова тешка одлука. Треба итно да реагираат и да го назначат неговиот наследник, иако јасно е дека Дарен Флечер ќе ја води екипата на утрешното гостување кај Барнли.

Еден од најсериозните кандидати за наследник на Аморим е легендата на „црвените ѓаволи“, Оле Гунар Солскјер. Според медиумите на Островот, Норвежанецот сам се понудил како привремено решение до крајот на сезонава.

Солскјер беше тренер на Манчестер јунајтед во периодот од 2018 до 2021 година, кога успеа да ја стабилизира екипата, но и да ја врати во Лигата на шампионите.

- Оглас -

Најнови вести