Легендата на Манчестер јунајтед со порака: Ливерпул ќе се лизне и нема да ја освои титулата

Легендата на Манчестер јунајтед, Гери Невил го предупреди големиот ривал Ливерпул дека борбата за титулата во Премиер лигата е далеку од завршена.

„Ако некој навивач на Ливерпул си помисли дека сигурно ќе ја освојат титулата, а им остануваат уште 14 меча да одиграат до крајот, тогаш се лажат. Не може секој меч да се игра добро. Не може уште сега да се мисли на титулата. Ќе помине овој месец, а потоа доаѓаат март и април кога грешките тешко се поправаат. Од март започнува вистинската борба за титулата. Нозете на играчите на Ливерпул ќе започнат да стануваат се потешки. Во тие моменти искуството е многу важно, а играчите на Ливерпул тоа го немаат кога се работи трка за титула во Премиер лига“, рече Невил.

Ливерпул никогаш не бил шампион во Премиер лигата, а најблиску до тоа беше во сезоната 2013/14. Тогаш се случи познатиот кикс на капитенот Стивен Џерард, а Ливерпул на крајот од првенството заврши два бода зад шампионот Манчестер сити.

И сега Сити и Ливерпул се најголеми конкуренти за титулата. Ливерпул е лидер со 61 бод, а „граѓаните“ имаат 59 бодови, но Ливерпул има меч помалку. „Црвените“ утре гостуваат на Вест хем.

 

- Оглас -

Најнови вести