Легендата на Сити со порака: „Артета треба да биде наследникот на Гвардиола“

Пеп Гвардиола освои сè што можеше да се освои со Манчестер сити, а го продолжи и договорот со Граѓаните, но оваа сезона е далеку од одбрана на трофејот, па му останува да се бори само за пласман во Лигата на шампионите.

Еден период дел од неговиот стручен штаб беше и Микел Артета, сегашниот тренер на Арсенал, па легендата на Манчестер сити, Серхио Агуеро, јасно порача дека доколку треба да се бара замена за Пеп, идеален наследник би бил токму стратегот на Топчиите.

„Пеп го продолжи договорот, а Артета одлично си ја врши работата во Арсенал. Во моментов зборуваме само теоретски, но доколку барате интересно решение и се прашувате дали Артета би можело да биде добар менаџер за Сити – тогаш одговорот е ‘да’“, вели Агуеро.

- Оглас -

Најнови вести