Легендата Рапино го одигра последниот меч за репрезентацијата на САД (Видео)

Една од најголемите ѕвезди на американскиот и светскиот женски фудбал, Меган Рапино (38), утрово го одигра својот последен натпревар за националниот тим на САД.

Ветеранката со асистенција придонесе за победата од 2-0 против Јужна Африка на дуелот кој се одигра во Чикаго.

Рапино, која 17 години играше за репрезентацијата (одигра 203 меча, даде 63 гола, освои и Светско првенство и олимписко злато) и многу се бореше за правата на ЛГБТ заедницата, за рамноправноста на половите и против расизмот, по последниот меч одржа петминутен говор.

- Оглас -

Најнови вести