Легендите Хабиб и Конор со различно мислење за битката на Махачев и Волкановски

Победата која судиите му ја доделија на Ислам Махачев против Александар Волкановски во битката за УФЦ шампион во лесна категорија, ја искоментираа и некои од најголемите легенди во овој боречки спорт.

Ирецот Конор Мекгрегор не бил импресиониран од виденото во Перт и имаше саркастичен негативен коментар на социјалните мрежи.

За разлика од него, Хабиб Нурмагомедов ги пофали борците, и среќен е што победил неговиот наследник од Дагестан.

„Ислам едноставно е најдобар. Тоа го докажа во тешка борба против најдобриот активен фајтер на планетата. Не заборавајте кој беше прв на ранг-листата. Испиша историја брату“ – порача Хабиб.

- Оглас -

Најнови вести