Лејкерс го доби најнеизвесниот меч од финалната серија (Видео)

Лос Анџелес лејкерс поведе со 3:1 во победи против Мајами хит, во финалната серија од плејофот во НБА-лигата. Во четвртиот дуел од борбата за титулата, Лејкерси победија со 102:96. Ова беше најнеизвесниот меч од досегашното финале, а во ниту еден момент од средбата ниту еден од тимовите немаше двоцифрена предност.

Леброн Џејмс, кој потфрли во претходниот дуел, овојпат беше на висина на задачата и беше најдобар на теренот. Првата ѕвезда на ЛА заврши со 28 поени, 12 скока и осум асистенции. Стандардно веднаш до Џејмс беше и Ентони Дејвис со 22 поени и девет скока, но и одлично завршена работа во одбраната против Џими Батлер. Кај Мајами, токму Батлер со 22 поени, 10 скока и девет асистенции беше најдобар, но тоа не беше доволно Мајами да стигне до 2:2 во победи во финалето.

По израмнетото прво полувреме, во кое двете екипи се менуваа во водство, Лејкерс на почетокот на третата четвртина поведе со 55:54 и од тој момент, па сè до крајот на средбата не дозволи Мајами да дојде во водство. На Лејкерс сега му треба само уште една победа за да стигне до 17-тата титула во клупската историја.

- Оглас -

Најнови вести