Лејкерс ја искористиja лошата серија на Минесота, Џејмс на чекор од трипл-дабл

ЛА лејкерс триумфираа против Минесота со конечни 114:110 во „Стејплс центарот“. „Езерџиите“ стигнаа само до петтата победа сезонава, и натаму имаат негативен резултат од 5-6 по 11 меча, додека „волците“ влегоа во лоша серија од четири последователни порази.

Леброн Џејмс го предводеше својот тим, а му недостасуваше само една асистенција да запише трипл-дабл учинок, заврши со 24 поени, 10 скока и девет асистенции. По 21 поен постигнаа Кузма и Харт, играчот кој ги погоди важните слободни фрлања за потврда на триумфот, а 20 поени додаде Инграм. За Лејкерси настапи и новото засилување Тајсон Чендлер, па и тој придонесе во победата со два поени и девет скока.

Дерик Роуз повторно се истакна како најефикасен во составот на Тимбервулвс, а реализираше 31 поен и пет асистенции, Батлер додаде 24 поени.

„Џезерите“ од Јута конечно победија по четири порази во низа, а настрада тимот на Далас со резултат 117:102. Јута уште од стартот на средбата изгради сигурна предност и не им даде шанса на Дончиќ и дружината да направат изненадување.

Донован Мичел во улога на лидер на Јута постигна 23 поени, седум скока и пет асистенции, Гобер со дабл-дабл од 17 поени и 10 скока исто така беше клучен играч на домаќините. Лукак Дончиќ немаше многу помош од своите соиграчи, а тој заврши со 24 поени и шест скока.

Оклахома може и без Расел Вестбрук, откако ноќеска му го нанесе десеттиот пораз на Кливленд сезонава. Во победата од 95:86, Шрудер беше најефикасниот кошаркар на Оклахома со 28 поени и седум скока, додека Џорџ постигна 10 помалку.

Торонто по поразот од Милвоки, победи на следните пет меча и сега франшизата од Канада има скор од 11-1, откако ноќеска беа подобри од Сакраменто при конечни 114:105.

Ленард се врати во составот на Репторси, па со 25 поени и 11 скока му помогна на својот тим да го одржи победничкиот ритам. Паскал Саикам беше пријатно изненадување кај Торонто со 21 поен. Коли-Стејн и Хилд со по 24 поени беа најефикасните кошаркари на „кралевите“ од Сакраменто.

Резултати НБА:

Кливленд кавалирс – Оклахома тандерс 86:95

Орландо меџик – Детроит пистонс 96:103

Атланта хокс – Њујорк никс 107:112

Мајами хит – Сан Антонио спарс 95:88

Индијана пејсерс – Филаделфија севентисиксерс 94:100

Мемфис гризлис – Денвер нагетс 89:87

Њу Орлеанс пеликанс – Чикаго булс 107:98

Јута џез – Далас маверикс 117:102

Сакраменто кингс – Торонто репторс 105:114

ЛА лејкерс – Минесота тимбервулвс 114:110

 

- Оглас -

Најнови вести