Лејкерс како реално шоу: Бисли и Пипен јуниор станаа соиграчи, а Малик беше во врска со мајката на Скоти! (Фото)

НБА-тимот Лос Анџелес лејкерс со трампата на три тима со која го испрати Расел Вестбрук во Јута џез, во своите редови од Минесота го донесе Малик Бисли, по што почнаа да „горат“ социјалните мрежи.

Причината е што Бисли во Лејкерс треба да биде соиграч со Скоти Пипен јуниор, а до пред некое време беше во љубовна врска со неговата мајка.

Бисли и 22 години постарата од него Ларса Пипен се забавуваа во 2021 година, врската им беше јавна, но подоцна раскинаа и Бисли се врати кај сопругата, па останува да се види каков ќе биде односот на Пипен помладиот и неговиот несуден очув.

- Оглас -

Најнови вести