Лејкерси како да се проколнати, загубија на неверојатен начин (Видео)

Лос Анџелес лејкерс го претрпе и третиот пораз во новата НБА сезона, откако загуби од Портланд со 106:104. Мечот во Лос Анџелес изобилуваше со многу пресврти, а на крајот гостите се радуваа.

Домаќините одлично го отворија дуелот и поведоа со 10:2, но за брзо време Портланд го сврте резултатот во своја корист и негативата од осум поени, ја претвори во позитива од осум поени на крајот од првата четвртина (32:24). Гостите ја задржаа предноста и на полувреме кога беше 55:48.

Лејкерс одигра одлична трета четвртина која ја доби со 35:23 и по три делници водеше со 83:78. Во последните две минути, Лејкерс водеше со седум разлика, но на крајот Портланд беше тимот што се радуваше на триумф од 106:104. Во последниот напад, во кои Лејкерс имаа само три секунди, Леброн Џејмс шутираше и промаши, па Портланд се радуваше на победа.

Лилард до 41 поени беше најефикасен кај победничкиот тим, додека Џејмс постигна 31 поени, а имаше и по осум скока и асистенции за Лејкерс. Кај домаќините добар беше и Ентони Дејвис со 22 поени и 10 скока, но тоа не беше доволно за триумф на тимот од ЛА.

Во новата сезона Лејкерс има три порази и ниту еден пораз, а Портланд е со три победи без пораз.

- Оглас -

Најнови вести