Лејкерси по секоја цена сакаат да се ослободат од Вестбрук, сега го нудат на Индијана

Олстар-бекот Расел Вестбрук пред стартот на новата сезона би можело да го напушти Лос Анџелес лејкерс и да се пресели во Источната конференција, поточно во екипата на Индијана пејсерс, пишува „Атлетик“.

Новиот тренер на Езерцата, Дарвин Хем, смета дека Вестбрук нема да се вклопи во неговиот систем на игра и ѝ порача на управата да го размени пред почетокот на сезоната.
Според „Атлетик“, иден клуб на Вестбрук може да биде Индијана пејсерс.

Во размената, Бади Хилд и Мајлс Тарнер би станале нови кошаркари на ЛА лејкерс, додека Вестбрук ќе се пресели во Индијана која исто така би добила и два избори од првата рунда на НБА драфтот во 2027 и 2029 година.

Вечерва ЛА лејкерс ќе го одигра првиот натпревар во претсезоната против Сакраменто кингс, а Спортлајф нуди богат избор на игри за овој натпревар.

- Оглас -

Најнови вести