Лејвер купот одложен за следната година

Организаторите на Лејвер купот го одложија турнирот за следната година. Ќе се одржи од 24 до 26 септември 2021 година, а местото на настанот ќе биде „ТД Гарден“ во Бостон.

„Бевме приморани да донесеме ваква одлука поради ситуацијата во која се наоѓаме. Знаеме дека стравствените навивачи се разочарани што мора да чекаат уште една година, но ова е одговорна мерка“, истакна директорот Тони Годсик.

Претходно Ролан Гарос го помести првенството во термин кога беше и закажан Лејвер купот за оваа сезона. Стартот на француското Отворено првенство е закажано за 20 септември.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести