Лекарите го спасиле животот на бугарскиот репрезентативец повреден во сообраќајната во Тбилиси

Бугарскиот фудбалер Тодор Неделев кој настрада во синоќешната сообраќајна несреќа во Тбилиси, бил опериран на главата и сега е добро. Сударот меѓу двата автобуси со бугарската експедиција во Грузија се случи кога првиот автобус ненадејно закочил, а вториот удрил директно во него.

Од ударот биле искршени голем број на стакла на двата автобуси, а Неделев заработил скршеница на черепот, па итно бил пренесен во болнца.

„Фала му на Господ, Тодор Неделев сега е во стабилна состојба. Цела ноќ бевме во болницата. Мораше да се прави хируршка интервенција, операција на черепот, затоа што парче влегло внатре. Според мене, но и според лекарите, постоела опасност за животот на Неделев, но фала му на Господ благодарение на брзата интервенција, тој сега е во стабилна состојба. Неделев ќе остане во болница уште една недела, а потоа ќе биде транспортиран во Бугарија, каде ќе продолжи со лекувањето. Најоптимистичките прогнози се дека за три месеци тој повторно ќе може да се врати на теренот“, открива портпаролот на бугарската фудбалска федерација, Виктор Игнатов.

- Оглас -

Најнови вести