Тежок судар на два автобуси во кои беа репрезентативците на Бугарија, има и повреден фудбалер! (Видео+фото)

Фудбалската репрезентација на Бугарија вчера допатува во Грузија, каде утре ќе го игра во Тбилиси против домашната селекција. Пристигнувањето на бугарската експедиција беше проследено со тежок инцидент, односно сообраќајна несреќа.

Гостите од Бугарија биле поделени во два автобуси кои се движеле еден позади друг со голема брзина во присуство на полицијата. Во еден момент првиот автобус морал нагло да заккочи поради автомобилот кој се појавил пред него, а во тој момент возачот од вториот автобус немал доволно време да закочи, па се удрил во автобусот пред него.

Сударот бил толку силен што бугарскиот репрезентативец Тодор Неделев заработил сериозни повреди на главата и лицето од удар во прозорот. Неделев со крв на главата бил пренесен во болница, а првичните информации се дека има потрес на мозокот.

Полицијата во Тбилиси започна истрага за тоа како се случила оваа сообраќајка.

- Оглас -

Најнови вести