Францускиот магазин „Лекип“ го избра идеалниот тим за 2022 година, а единствен играч од новиот светски шампион, Аргентина, е Лионел Меси.
Покрај Меси, во најдобриот тим се најдоа тројца Французи, по двајца Хрвати и Белгијци и по еден Англичанец, Холанѓанец и Бразилец, а сигурно изборот ќе преидизвика реакции, барем за дел од играчите кои се одбрани како најдобри дефанзивци.
Најдобар голман според францускиот магазин е Тибо Куртоа кој со Реал Мадрид триумфира во Лигата на шампионите и ја освои титулата во Ла Лига.
Одбраната ја сочинуваат Кајл Вокер, Вирџил ван Дајк, Јошко Гвардиол и Тео Ернандес.
Во средниот ред покрај Меси се уште и Кевин де Брујне како и Каземиро и Лука Модриќ кои со Реал Мадрид доминираа во Европа и во Шпанија.
Нападот го сочинуваат двајца Французи, Карим Бензема и Килијан Мбапе.
Équipe type monde 2022 : des Bleus et des Rois
Le Real Madrid, champion d'Europe en mai, place quatre joueurs dans une équipe de l'année menée par un duo d'attaque tricolore, Karim Benzema et Kylian Mbappé https://t.co/YBbY4oNoOL pic.twitter.com/JL7HbbteUJ
— L'ÉQUIPE (@lequipe) December 24, 2022