Возачот на Ферари, Чарлс Леклер, е сензационален побеник на трката за ГН на Италија, која попладнево се возеше на патеката Монца. Возачот од Монако иако стартуваше како четврти, сепак, со само едно влегување во боксот успеа да дојде до победата, откако го искористи влегувањето на останатите конкуренти да променат гуми. Храбрата одлука на Ферари да ја заврши трката со истрошени гуми на крајот се исплатеше.
HE WINS IN MONZA!!! 🇮🇹
IT'S CHARLES LECLERC FOR FERRARI AT THEIR HOME RACE – AGAIN! 🏆👏
STUNNING, SIMPLY STUNNING!#F1 #ItalianGP pic.twitter.com/Iw74Erfuwp
— Formula 1 (@F1) September 1, 2024
На подиумот место имаше и за двајцата возачи на Мекларен, Оскар Пјастри и Ландо Норис, кои тргнаа од првата линија на стартот. Актуелниот светски шампион, Макс Ферстапен, заврши само на шесттата позиција.
Бодови освоија и Сајнц како четвртопласиран, петти беше Хамилтон, Ферстапен заврши како шестти, а до десеттата позиција се пласираа Расел, Перес, Албон и Магнусен.