Лемар се согласи на нов договор со Атлетико за двојно помала плата

Атлетико Мадрид договори обновување на соработката со Тома Лемар и покрај наводите дека француското крило може да ја промени средината во овој преоден рок.

Според новиот договор, кој му важи до јуни 2027 година, Лемар ќе заработува двојно помалку од досегашната плата од 9,6 милиони евра годишно.

Во изминативе сезони Лемар разочара со настапите за Јорганџиите, ја загуби и довербата кај тренерот Симеоне. Иако веќе четири години е член на Атлетико, Французинот сè уште се мачи целосно да ги оправда платените 80 милиони евра на Монако за неговиот трансфер.

Пред извесен период беше понуден на Арсенал и Евертон, но премиерлигашите не покажаа интерес за негов ангажман. Сега добива нова шанса да ја оживее кариерата во Мадрид, односно Лемар да проба да се врати во почетниот тим кај Ел Чоло, но и да избори место во селекцијата на Франција за Мундијалот во Катар.

- Оглас -

Најнови вести