Леонардо се врати во ПСЖ

ПСЖ повторно го назначи Леонардо Араухо за спортски директор. Бразилецот доаѓа на местото на Антеро Енрике и ќе биде задолжен за реализирање на идни засилувања на тимот. Леонардо и претходно ја имаше истата задача во таборот на Светците во периодот од 2011 до 2014 година.

Леонардо за оваа функција го напушти Милан, каде работеше една сезона. Инаку, тој одреден период се проба и во тренерските води, а беше предводник на двата гиганти од Милано, како и на Анталијаспор.

- Оглас -

Најнови вести