Лесно е кога учител ти е Чави (Видео)

Хасан Ал Хајдос постигна фантастичен гол за Ал Сад во дербито на катарското првенство против Ал Ахли од Доха.

Репрезентативец на Катар испука вистински проектил од далечина што заврши во мрежата на домашниот тим за голема радост и на легендата на светскиот фудбал Чави Ернандес.

Некогашниот фудбалер и икона на Барселона го предводи Ал Сад од клупата. Кога легенда како Чави што има освоено се во фудбалот ти е тренер, тогаш се е возможно, па и вакво ремек-дело што го презентираше 29-годишниот напаѓач на Ал Сад.

 

- Оглас -

Најнови вести