Лесно и убаво игра Наполи со Елмас на терен, ја декласираа Специја за едно полувреме (Видео)

Наполи победнички ја заврши сезоната во Серија А и го потврди третото место со убедлив триумф од 3:0 против Специја на гости.

По долг периос стартер кај тимот од Наполи беше Елиф Елмас и одигра одличен меч, а остана на терен до крај на натпреварот.

Матео Политано рано со гол во четвртата минута најави триумф на гостите, а Наполи за едно полувреме со погодоците и на Зјелински и Деме го декласира домаќинот.

Ова беше последен меч за клупската икона на Наполи, Лоренцо Инсиње, кој се сели во МЛС и ќе игра за Торонто.

Наполи го освои третото место со 79 бода, зад тандемот од Милано, Милан и Интер кои денеска ќе одлучат кој ќе биде шампион на Италија.

Од 18 часот лидерот Милан, кој има 83 бода ќе мугостува на Сасуоло, а Интер со 81 бод ќе мора да ја победи Сампдорија дома и да се надева на пораз на Милан.

 

- Оглас -

Најнови вести