Лестер ќе преноќи како лидер, Лампард и Челзи ќе имаат немирна ноќ

Лестер е нов лидер во Премиер лигата по победата од 2:0 против Челзи вечерва и сигурно ќе преспие на врвот на табелата барем до утре и до мечот меѓу Фулам и Манчестер јунајтед.

Популарните Лисици неочекувано лесно го победија дрим-тимот од Лондон, па Френк Лампард и целата експедиција на Челзи ќе имаат немирна ноќ.

Вилфред Ндиди со гол во шестата минута најави триуфм на домаќините, а победата ја потврди Медисон со погодок во 41-вата минута.

Во второто полувреме домаќините умешно ја одржуваа предноста, а Челзи имаше само јалова иницијатива. Лестер сега е прв со 38 бода од 19 меча, пред Манчестер јунајтед со 37 бода од 18 натпревари.

Манчестер сити е трет со 35, но има два меча помалку од Лестер. Ливерпул е на четвртото место со 33 бода од 18 натпревари, па јасно е дека битката за титулата ќе биде исклучително интересна и возбудлива.

Челзи остана на осмото место со 29 бода од 19 натпревари.

- Оглас -

Најнови вести