Летаат искри на тренингот на Кариоките: Винисиус и Ришарлисон за малку ќе се степаа (фото)

Спречена тепачка на тренингот на бразилската фудбалска репрезентација во пресрет на пријателскиот меч против Јапонија.

Винисиус јуниор и Ришарлисон по вербална расправија одлучија да го решат проблемот со тупаници, меѓутоа за среќа соиграчите кои беа блиску навремено интервенираа и спречија посериозни проблеми.

Непозната е причината како дошло ѕвездите на Реал Мадрид и Евертон да постапат на примитивен начин.

- Оглас -

Најнови вести