Летечкиот Мајкл го продава Шарлот хорнетс

Најдобриот кошаркар на сите времиња, Мајкл Џордан, одлучи да го продаде мнозинскиот дел од акциите во Шарлот хорнетс.

Според телевизијата ЕСПН, Џордан веќе преговара за продажба на мнозинскиот пакет акции, и тоа со Гејб Плоткин, кој кој има мал удел во Шарлот како и со Рик Шнал кој е дел од сопственичката структура на Атланта хоукс.

Според ЕСПН, преговорите не одат во посакуваната насока, бидејќи Џордан сака да задржи мал дел од акциите, додека потенцијалните купувачи на Шарлот сакаат да бидат единствени сопственици.

Мајкл Џордан во 2006 година го купи Шарлот хорнетс за 275 милиони долари, но во меѓувреме вредноста на клубот се зголеми и се споменува сума од преку милијарда долари.

- Оглас -

Најнови вести