Летонците прават чуда на СП, го декласираа Бразил за пласман во четвртфинале на СП

Кошаркарската репрезентација на Летонија со убедливата победа над Бразил од 104:84 обезбеди пласман во четвртфиналето на Светското првенство кое се игра во Јапонија, Индонезија и Филипини.

Во групата Л сите четири селекции пред последното коло имаат идентичен скор, три победи и еден пораз и само победниците од директните дуели ќе обезбедат во четвртфиналето на СП.

Летонците кои во првата фаза ја елиминираа Франција, во претходното коло го победија актуелниот светски шампион Шпанија, сега приредија уште едно изненадување и ја триумфот над Бразил, се најдоа меѓу осумте најдобри селекции.

Првото полувреме помина во израмнета игра, а дилемите околу победникот беа решени во третата четвртина која Летонците ја добија со 36:21 и во последните 10 минути влегоа со предност од 81:63. На крајот Летонија славеше со 104:84 и обезбеди пласман во четвртфиналето,

Андрејс Гражулис со 24 поени ја предводеше листата на стрелци кај Летонија, Артурс Жагарс даде 17, додека кај Бразил најдобар беше Бруно Кабокло со 20 постигнати поени.

- Оглас -

Најнови вести