Летонците само со 10 интернационалци против Македонија

Славиша Стојановиќ го објави списокот со 28-мина фудбалери на кои смета за стартниот квалификациски дуел против Македонија во трката за место на Европското првенство во 2020 година, а претежно се потпре на домашни сили.

Само 10-мина играчи на поширокиот список за мечот во Скопје на 21 март се интернационалци и играат во странски клубови, а нема звучни имиња.

Најмлад е Кристер Тобер, играчот на Лиепаја, кој има само 18 години и е дебитант во националната селекција.

Стојановиќ, исто како и Тобер, ќе дебитира против Македонија откако на први март потпиша тригодишен договор со летонската федерација.

Во продолжение можете да го погледнете комплетниот список од 28-мина репрезентативци на Летонија кои ќе бидат во комбинација за премиерата во Скопје на 21 март против Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести