Летото се трампаа со Милан, сега Јуве ќе се обиде и со Рома

Јувентус повторно ќе се обиде да направи размена на играчи со ривал од Серија А. Во текот на изминатото лето тоа го направија со Милан, кога Бонучи се врати во редовите на „старата дама“, а „росонерите“ за возврат ги добија Калдара и Игуаин. На ист начин ќе се обидат да се засилат и со Костас Манолас од Рома, а во друг правец да си замине Даниеле Ругани.

Како што најавуваат италијанските медиуми, раководството има желба да ја зацврсти одбраната, а само Бонучи и Кјелини се сигурни дека ќе останат. Бенатија е незадоволен од минутажата и најави заминување, а Барцаљи по крајот на сезоната ќе се повлече од фудбалот.

Јуве сака да го задржи Ругани, така што му понуди нов договор, но тој сака гаранции дека ќе биде стандарден во првиот тим, што засега е невозможно покрај искусното италијанско дуо, па токму затоа се наоѓа на излезна врата. Што се однесува за Манолас, тој веќе долго време е во Рома, во минатото одби неколку понуди од Англија и Шпанија, но сега би можело да го напушти Рим и да го облече дресот на големиот ривал на „волчицата“.

Расплетот на оваа сага, ако може така да се нарече, најверојатно ќе се случи уште во јануари, при неуспешен обид, Јуве ќе се врати по Гркот следното лето.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести