Левандовски и Јамал стрелаа, Барселона закажа „ел класико“ во финалето од Супер купот (Видео)

Фудбалерите на Барселона се вторите финалисти на шпанскиот Супер куп што се игра во Ријад откако ја совладаа Осасуна со 2-0. Каталонците иако доминираа во текот на целиот натпревар, сепак постигнаа само два погодока во мрежата на противникот.

Првиот погодок беше дело на Роберт Левандовски во 59-тата минута, додека победата ја потврди Ламин Јамал во 93-тата.

Тоа значи дека првото Ел Класико во 2024 година ќе се одигра на неутрален терен во Ријад, Саудиска Арабија, и тоа во финалето од шпанскиот Супер куп.

- Оглас -

Најнови вести