Левандовски поради Канте пак ќе извиси за Златната топка?

Н’голо Канте ја збогати колекцијата трофеи која почна да ја ниже во 2016 година со Лестер, додавајќи го највредниот трофеј во Европа од Лигата на шампионите.

Францускиот играч за врска вчера беше избран за играч на натпреварот, што му беше четврта награда во нокаут фазата оваа сезона. Канте беше најдобар во реваншот против Атлетико во осминафиналето, двапати во полуфиналниот двомеч против Реал Мадрид и вчера против Манчестер сити.

Канте сега брои титули во Премиер лигата, ФА купот, Лигата на Европа и Лигата на шампионите на клупско ниво, додека со Франција стана светски првак во 2018 година. Оваа сезона и кога не му одеше на тимот на Челзи, Канте беше константен и затоа голем дел од заслугите на успехот на Сините оди на негова сметка.

По вчерашниот блесок, јавноста застана на негова страна да му се додели Златната топка, за која до вчера фаворит беше Роберт Левандовски, а Полјакот може повторно да извиси откако лани не се доделуваше поради прекинот на сезоната предизвикан од пандемијата со корона-вирусот.

- Оглас -

Најнови вести