Левандовски постави рекорд во Бундеслигата, но Баерн не победи (Видео)

Борусија Менхенгладбах и Баерн Минхен одиграа нерешено 1:1, во мечот со кој стартуваше новото првенство во Бундеслигата. Уште пред почетокот на мечот беше јасно дека Баерн ќе има многу проблеми на ова гостување.

Домаќинот уште од стартот започна офанзивно и по само 10 минути игра поведе со голот на Плеа. Тоа беше и првиот погодок во новата сезона.

https://streamable.com/j0jzu1

Баерн имаше повеќе посед на топка, гостите повеќе напаѓаа, а тоа резултираше со погодок на Роберт Левандовски во 42 минута.

https://streamable.com/rjuim5

Со овој гол Полјакот постави рекорд затоа што стана првиот играч во историјата на Бундеслигата што седум сезони по ред постигнува погодок во првото коло од шампионатот.

 

- Оглас -

Најнови вести