Левандовски: Шест недели го чекавме дуелот со Лацио, можеме да играме и подобро

Роберт Левандовски, кој ја отвори гол-серијата на „Олимпико“ на натпреварот помеѓу Лацио и Баерн, смета дека победата од 4-1 во првиот осминафинален двобој покажува дека одиграле добро, но тој тврди дека Баерн може и многу подобро.

„Неверојатен меч. Кога ќе дадеш 4 гола, значи си имал специјален меч. Лигата на шампионите секогаш се чека со нетрпение, шест недели го чакавме овој меч. Се надевам дека ќе играме уште подобро. Немав многу шанси за гол, се обидував да ја држам топката кај себе, да им додавам на соиграчите и да им отворам простор. Работевме заедно и победивме со заеднички сили“, изјави Левандовски, кој додаде дека првиот гол бил многу важен и грешката на дефанзивецот на Лацио дошла во вистински момент.

Најискусниот поединец во редовите на Лацио, голманот Пепе Реина, кој има 38 години, во првото полувреме прими гол и од Лева, но и од 17-годишно момче кое може да му биде син.

„Баерн правеше притисок, но ние грешевме во додавањата при обидот да се извлечеме од притисокот. Овој тим не е навикнат да игра со толкав интензитет. Ако правиш такви грешки на ова ниво, ќе бидеш казнет. Едноставно сами си пукавме во нога. Поразот мора што побрзо да го заборавиме“, рече Реина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести