Полскиот интернационалец Роберт Левандовски е третиот фудбалер кој стигна до магичната бројка од 100 погодоци во Лигата на шампионите. Тој беше стрелец од пенал за Барселона на вечерашниот меч против Брест, што е негов јубилеен стоти гол во елитното натпреварување, а 14-ти во дресот на Барселона.
Robert Lewandowski becomes the third player in history to reach 100 Champions League goals 👏#UCL pic.twitter.com/cXenLyGHDN
— UEFA Champions League (@ChampionsLeague) November 26, 2024
Левандовски сега е дел од големото трио, заедно со Кристијано Роналдо и со Лионел Меси.
🚨🇪🇺 GOAL | Barcelona 1-0 Brest | Lewandowski
— Tekkers Foot (@tekkersfoot) November 26, 2024
LEWANDOWSKI HAS GIVEN BARCELONA THE LEAD! HIS 100TH GOAL IN THE CHAMPIONS LEAGUE!pic.twitter.com/Uq95DoLj0Z
Португалецот досега во кариерата постигна 140 голови во Лигата на шампионите, додека Лионел Меси ги тресеше мрежите 129 пати.