Леванте даде гол, но беше поништен затоа што Барди претходно направи пенал, па Рајо се радуваше на погодок

Леванте со победа се прости од шпанската Примера дивисион откако со 4:2 победи на гостувањето кај Рајо Вајекано. Енис Барди го одигра целиот меч за Леванте, додека на голот на Рајо го немаше Столе Димитриевски кој остана резерва.

Рајо прв даде гол за 1:0, а потоа следуваа три погодоци за гостите, кои на полувремето имаа предност од 3:1. Во 59 минута се случи една необична ситуација кога Леванте даде и четврти погодок, а гостите додека се радуваа, главниот судија покажа дека ќе побара помош од ВАР системот.

Се работеше за ситуација која се случи непосредно пред гостите да го дадат голот, а се случи во шеснаесетникот на Леванте. Во една ситуација, Барди стартуваше над противникот, а по прегледување на ситуацијата, судијата одлучи дека имало фаул од Барди и пенал за Рајо Вајекано, а погодокот на Леванте беше поништен.

Домаќините намалија на 2:3, но до крајот Леванте даде и четврти погодок за победа и достојно заминување од елитното шпанско друштво.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести