Леванте го избрка тренерот што го донесоа пред два месеци, а „летнаа“ и спортските директори

Леванте на Енис Барди се соочува со голема резултатска криза и му се заканува испаѓање во втората шпанска лига.

Тимот пред два месеци го ангажира тренерот Хавиер Переира, а денеска одлучи да му врачи отказ по катастрофалните резултати коишто ги имаше тимот.

Дека ситуацијата во Леванте е хаотична, говори и фактот дека спортските директори Маноло Салвадор, Давид Наваро и Мануел Фајардо исто така добија отказ.

Тие го препорачале овој тренер на сопственикот Кико Каталан, а лошите резултати си го направија своето, па тој мораше да реагира.

Леванте е на последното место во Ла Лига и има само седум освоени бодови во досегашниот тек од сезоната.

Воедно, сè уште чекаат на првата победа, а во наредното, 16-то коло ќе ја пречекаат Осасуна на домашен терен.

- Оглас -

Најнови вести