Леванте ја претстави Андонова и тој е прв странски клуб во историјата со македонски репрезентативци од двата пола

Наташа Андонова и Енис Барди го претставуваат првиот македонски тандем репрезентативци од двата пола, што се дел од исто семејство во странски клуб, во Леванте.

Барди веројатно ќе ја игра третата сезона во Ла Лига за клубот од Валенсија ако не се случи пресврт и да замине во Еспањол, а Андонова денеска беше претставена со заедничка фотографија на седумте нови фудбалерки на Леванте.

Дамите почнаа со подготовки на кои се приклучи и Андонова по двегодишната авантура во Барселона.

Машкиот дел од фудбалското семејство на Леванте претходно ги започна летните подготовки и веќе одигра еден пријателски меч, а првиот гол во новата сезона го постигна токму Барди, на пријателскиот меч со Вилјареал, што заврши со победа на Жолтата подморница со 2:1.

- Оглас -

Најнови вести