Леванте машки се бори, но ќе му треба чудо за опстанок

Леванте не дозволи за првпат во историјата двапати во една сезона да биде совладан од локалниот ривал Валенсија, одигра 1-1 на „Месталја“ и продолжува со тешката битка за опстанок.

Енис Барди играше само во второто полувреме во кое Леванте имаше човек повеќе на терен, но не го искористи тоа, па мораше да се задоволи со бод.

Леванте е последен на табелата, но историјата покажува дека два тима успеале да се изборат за опстанок, иако имале шест бода негатива на четири кола до крај, ситуација во која се наоѓа Леванте. Во следните два меча кои може да бидат пресудни, Леванте игра дома со Реал Сосиедад, па му гостува на новиот првак Реал Мадрид.

- Оглас -

Најнови вести