Леванте на чекор од обезбедување опстанок

Леванте одигра 2-2 на гостувањето кај Алавес, и конечно ја прекина серијата од четири порази по ред, па дојде на чекор од обезбедување на опстанок во шпанското првенство.

Средбата беше интересна. Прво поведоа домашните, па со два гола на Моралес, Леванте до крајот на првиот дел направи пресврт, но во 88-ма минута Хоселу со гол кој мораше да биде потврден и од ВАР, ги постави конечните 2-2. Алавес е тим кој од октомври 2016 година наваму, речиси пет години, не загубил меч на свој терен на кој воделе со 1-0, и таа нивна серија продолжи благодарение на Хоселу.

Македонскиот репрезентативец Енис Барди, влезе во игра во 56-та минута на местото на капитенот Моралес и ги одигра последните 40-тина минути. Алавес и понатаму е загрозен, има само два бода над позицијата на табелата која води во втора лига.

- Оглас -

Најнови вести