Леванте со Барди го победи Реал и испиша историја

Леванте го победи Реал Мадрид со 1:0 и направи нешто што не му успеало никогаш во историјата. Тимот на Енис Барди прв пат успева во една сезона, на свој терен да ги понеди Реал и Барселона.

Моралес кој шест месеци немаше погодок во Примера, погоди во 79 минита што се покажа доволно за победа над Кралевите.

По овок неуспех, Реал го загуби челното место во Примера и има два бода помалку од Барселона. Дополнителен малер е тоа што на гостите им се повреди Еден Азар.

Статистиката покажува дека Реал сезонава трет пат игра во сабота од 21 часот и трет пат не дава гол. Против Атлетико одигра 0:0, а од Мајорка загуби со 1:0.

- Оглас -

Најнови вести