Леванте заборави да победува, Гвардиола му донесе радост на Столе

Леванте и Рајо Валјекано ремизираа 1-1 во „македонското дерби“ на шпанската Ла Лига. Енис Барди поради повреда, не играше за Леванте, а Столе Димитриевски бранеше цел меч за гостите.

Леванте има низа од 12 лигашки мечеви по ред без победа. Ваква црна серија немале уште од 1997 година

Тимот од Валенсија уште од април не знае за победа, дури половина година нема победа дома, а Леванте има голема црна серија и од 10 меча по ред без победа над екипи кои штотуку влегле во елитното шпанско друштво. Роџер Марти го совлада Димитриевски со шут од белата точка, а во 92-ра минута, Леванте остана без победа, откако Серџи Гвардиола погоди за 1-1.

- Оглас -

Најнови вести