Баер Леверкузен оствари сигурна победа со 2-0 над Фрајбург и воедно ја запиша 12-тата победа сезонава во Бундеслигата. „Фрамацевтите“ иако започнаа катастрофално во шампионатот, сега се наметнаа во борбата местата кои водат во Лигата на Европа, но амбициите ќе им пораснат во клучниот дел од сезоната, со надеж дека може да се дојде до едно Лигата на шампионите.
Уште по четири минути игра домаќините поведоа преку Арангиз, а Бејли во 73-тата минута ги реши дилемите на средбата на „БајАрена“.
Шалке на домашен терен претрпе дебакл од Фортуна Дизелдорф со 4-0 и воедно ја продолжија серијата на шест меча без победа во германскиот шампионат.
Ајнтрахт Франкфурт во судиското надополнување постигна два гола и запиша победа од 3-2 над Хофенхајм, благодарение на Халер и Пачиенца.
Лајпциг со голот на Клостерман оствари минимална победа од 1-0 на гостувањето кај Нирнберг, додека Херта со 2-1 беше подобра од Мајнц.