Лидерот Кожуф гостува во Врапчиште, Пелистер пред лесна домашна победа (Фото)

Фудбалските второлигаши денес ќе го одиграат комплетното второлигашко коло. Најинтересно се очекува да биде во Врапчиште, каде третопласираната Беса ќе го пречека лидерот Кожуф и ќе се обиде да му го нанесе првиот пораз оваа сезона.

Второпласираниот Детонит Плачковица ќе има тешко гостување во Тетово, против Тетекс, додека битолски Пелистер има навидум лесна задача против Караорман од Струга на домашен терен.

Двојки – денес 15 часот:

Арсими – Вардар Н.
Башкими – Каменица Саса
Беса – Кожуф
Охрид – Скопје
Осогово – Беласица
Пелистер – Караорман
Победа – Новаци
Тетекс – Детонит Плачковица

табела: 1. Кожуф 15, 2. Детонит Плачковица 13, 3. Беса 12, 4. Пелистер 10 …

- Оглас -

Најнови вести