Лидерот на Ла Лига испука петарда во мрежата на „фенерџијата“

Атлетико Мадрид ја оправда фаворитската улога против последнопласираниот Ејбар, и го прегази со 5-0. На Јорганџиите овој лесен меч им дојде како порачан после двете гостувања на кои освоија само еден бод, и им го загрозија освојувањето на титулата. Атлетико останува прв на табелата после ова 31-во коло, но има уште седум рунди за играње, а на Јорганџиите им претстои и гостување кај Барселона.

Кореа и Љоренте дадоа по два гола, а Караско имаше гол и две асистенции, па ова трио му ја донесе убедливата победа на Атлетико. Ејбар првпат сезонава прими повеќе од три гола на еден лигашки меч. Ова е втора најефикасна игра на Атлетико сезонава, откако против Гранада постигнаа шест гола.

- Оглас -

Најнови вести