Лидс и Алиоски се спасија од пораз со гол во 101 минута

Мидлсбро и Лидс одиграа 1:1 во дербито на Премиершип во Англија. Домаќините може да жалат што не ги освоија трите бода, бидејќи на неколку секунди до крајот имаа предност. Лидс во чии редови цел меч го одигра македонскиот репрезентативец Алиоски, се израдува на погодокот на Филипс во 11 минута од судиското надополнување.

Причина за толку долгото судиско надополнување е прекинот кој беше во 82 минута, кога на клупата за резервни играчи кај гостите, колабираше Џек Кларк. Тоа е играчот кој беше стартер, но подоцна беше заменет, за да во 82 минута се онесвести, па мораше да реагираат лекарите и да го одведат во болница.

Токму поради таа пауза, судијата реши да го продолжи мечот за 11 минути и во последната минута, гостите дадоа гол и стигнаа до бод, со кој повторно се искачија на чело на табелата со 58 бодови од 31 меч.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести