Лидс ја почуствува силата на Премиерлигата – Ѓаволско шоу ги маѓепса Алиоски и соиграчите (Видео)

Манчестер јунајтед приреди вистинско фудбалско шоу, а Лидс ја почуствува силата на Премиерлигата и загуби убедливо со 6:2 на „Олд Трафорд“.

Скот МекТоминеј со експресен старт и два гола за 171 секунда го најави  фестивалот од голови во Манчестер и стана првиот играч во историјата на англиското првенство што дал два гола во стартните три минути.

Шоуто го продолжија Бруно Фернандеш и Линделоф со уште два гола во првото полувреме, со што гостите урнаа неславен клупски рекорд. Лидс за првпат во меч од Премиерлигата прими четири погодоци во прво полувреме на вкупно 482 одиграни натпревари.

Лидс постигна погодок во финишот на првото полувреме и намали, но потоа прими уште два гола во продолжението и даде уште еден за конечни 6:2 за Црвените ѓаволи.

Езџан Алиоски го одигра целиот меч за гостите, кои го претрпеа седмиот пораз сезонава. Манчестер јунајтед ја продолжи импресивната серија од 7 меча без пораз и сега е на третото место со 26 бода, зад лидерот Ливерпул и второпласираниот Лестер.

- Оглас -

Најнови вести